МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

3 август 2021

Кичево, 3 август 2021 (МИА) – По интервенцијата на екипи од ТППЕ Кичево, целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера кај месноста Бели Воденици во атарот на село Србјани.

Со пожарот беше опфатена нискостеблеста вегетација на површина од околу 12 000 квадратни метри.

Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица 10/бб, дел од Сопиште вечерва ќе остане без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што соопштуваат од претпријатието, водоснабдувањето ќе биде прекинато од  21 часот до завршување со активностите.

Кочани, 3 август 2021 (МИА) – Локалната самоуправа на Кочани издвои два милиони денари од сопствената сметка, како почетна помош за граѓаните чии објекти и друг имот се оштетени од пожарот.

Едногласна одлука за пренамена на средствата во буџетот донесе Советот на Општината на денешната вонредна седница, на која беше формирана и стручна комисија за проценка на штетите од огнената стихија.

Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Испораката на електрична енергија во регионот на Кочани, каде имаше привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите, во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ посочуваат дека складот на Макпетрол не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.

Кичево, 3 август 2021 (МИА) –  Ликовно-графичката колонија „Пешна“, што своите почетоци ги бележи пред 23 години, и годинава како и во претходните две години нема да се одржи, поради недостаток на финансиски средства за нејзина организација.

Идејниот творец, наставникот по ликовно воспитување, Славко Тренкоски-Лок, напомна дека и годинава поради немање на доволно финансиски средства, нема да се организира оваа колонија.

Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Деновиве се врши санација и замена на плочки во трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3,  а потоа изведбените работи ќе продолжат и на другите плоштади каде што искршените и изместени плочки ќе се заменат со нови, информираат од Општина Карпош.

Реконструкцијата, како што се наведува во соопштението,  е започната од крајот на минатата недела и тоа на пешачкиот дел на плоштадите на територијата на општината.

Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Во Кочани, како што посочи, нема опасност по градот, но пожарот се уште не е изгаснат.

Кичево, 3 август 2021 (МИА) – Пожарот кој вчера околу 14 часот избувна во атарот на село Девич, Бродско, е локализиран ноќеска по полноќ, со помош на армиски единици и ТППЕ Македонски Брод.

Секретарот на Општина Македонски Брод, Пецо Стојкоски, информира дека пожарот се појави во непосредна близина на селото и ако навремено не се интервенираше ќе беа опожарени и дел од селските куќи. Сепак, како што кажа, од огнената стихија не можеше да се спаси една плевна која целосно изгоре во синоќешниот пожар.

Велес,3 август 2021 (МИА) – По двегодишна пауза, од вечерва  до 17 август ќе се одржи 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде свечено отворен во 21 часот во Теодосијанската палата во Стоби со премиера на тричасовната претстава „Орестија“ – копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Националната опера и балет.

Првпат на сцената во земјава се поставува „Орестија“ на Есхил. Претставата ја потготвуваа четворица режисери, двајца кореографи, тројца композитори.

Back to top button
Close
Close