МИА Општински пул

МИА Општински пул

18 мај 2020

18 мај 2020

Делчево, 18 мај 2020 (МИА) – Општина Делчево се подготвува за одбележување на 144 години од Разловечкото востание. Централната свеченост, која ќе се одржи согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19, како што информираат од општината ќе се одржи во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“ во село Разловци в среда, 20 мај 2020 година со почеток во 10 часот.

-По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе на спомен-плочата на поп Стојан поставена на влезот од црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во село Разловци. Во рамки на одбележувањето на 144-годишнината од Разловечкото востание треба да ги почитуваат  актуелните препораки за заштита од болеста Ковид -19, велат од Општината.

Поради ова, како што додаваат тие, задолжително е носењето заштитни маски за лице држење на потребното растојание од два метра за време на настанот

-Пожелно е на настанот да земат присуство по двајца претставници од институциите, организациите и здруженијата. Воедно имформираме дека поради актуелната состојба, предвидената културна-уметничка програма и традиционалниот планинарски марш нема да се одржат, дополнија од Општината.

Гевгелија – Комуналните работници,во соработка со пожарникарите и ПЕ на центарот за јавно здравје,викендов,поради заштита од ширење на коронавирусот, ја реализираа десеттата акција за дезинфекција на улиците и јавните површини во Гевгелија и населените места во општината.

Првиот ден од викендот,според програмата и донесените мерки од страна на општинскиот кризен штаб,била извршена дезинфекција на големите сообраќајници и улици во градот и во сите населени места на територијата на општина Гевгелија,а пак во текот на вчерашниот ден беа дезинфицирани јавните површини во градот и пред сите државни и општински институции.

Паралелно со ова,по препорака на кризниот штаб,куќните совети се организираа и сами извршија дезинфекција на паркинг просторите,зеленилата пред станбените објекти како и на ходниците во колективните станбени згради.

Back to top button
Close
Close