МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 јули 2021

Гевгелија, 28 јули 2021(МИА) – Општина Гевгелија го исполни барањето на локалните жители за бетонирање на главната улица во планинското село Серменин, со должина од 650 метри, која од влезот во населеното место води до селската црква.

Улицата беше дел од општинскиот проект за одржување и заштита на локалните патишта во 2021 година, вреден околу 2,8 милиони денари кои беа издвоени од буџетот на Општина Гевгелија.

Охрид, 28 јули 2021 (МИА) – Претставници на Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска во Охрид ги информираа потенцијалните апликанти за мерката 7 од ИПАРД програмата 2014-2020 за поддршка на земјоделството, но кога станува збор за Охридскиот регион тоа е пред се поддршка на проектите за рурален развој.

– Оваа мерка финансира неколку потсектори меѓу кои покрај изградба на индустриски капацитети во рурални средини, како производство и преработка на метал, керамика, пластика, дрво, сите занаетчиски дејности, така и изградба и адаптација на посточеки угостителски и сместувачки објекти, домови за стари лица, пчеларство како алтернативно земјоделство, производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци…Секоја инвестиција што би била одобрена ќе биде поддржана со 65 проценти од предвидените трошоци, рече Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Скопје, 28 јули 2021 (МИА) – Без вода денеска ќе биде улица „Христо Татарчев“ крак 14 во населба Припор, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје,

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на ППХ на улица „Христо Татарчев“ крак 14 и без вода до санирање на дефектот ќе останат корисниците на 20 куќи истиот крак.

Скопје, 28 јули 2021 (МИА) – Во петок ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од општината.

Авионската дезинсекција ќе се врши во раните утрински часови, додека, терестричната дезинсекција во текот на денот.

Скопје, 28 јули 2021 (МИА) – Почна реконструкцијата на платото меѓу зградите на улицата „Московска“, во близина на пазарчето Тафталиџе.

Општина Карпош информира дека во тек е реконструкција на партерниот дел, кој е со површина од околу 700 метри квадратни, каде старата и оштетената бетонска подлога ќе се замени со бекатон плочки.

Back to top button
Close
Close