МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 јули 2021

28 јули 2021

Скопје – Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на Град Скопје се изречени вкупно 243 мерки, меѓу кои 56 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 53 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 24 за возење без возачка дозвола.

– Изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Скопје – Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 297 возачи.

Од нив, како што се посочува, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Скопје – Во текот на вчерашниот ден, спроведена е  зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 173 возачи.

– Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, велат од МВР.

Скопје – Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Кумбара“ бб, во близина на авто школа „Хирда“, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Исмаил Кадаре“ и дел од „Кримска“ во скопската Општина Чаир.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот, па се до завршување со активностите.

Скопје – Намалување на водостојот во споредба со вчера се бележи кај трите природни езера во земјава. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР), нивото на Дојранското Езеро е намалено за два сантиметра, а на Охридското и Преспанското Езеро за по еден сантиметар.

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,57 метри повисок од повеќегодишниот просек за јули, додека нивото на Охридското е за 14 сантиметри помало од просечното, а на Преспанското Езеро е пониско за 1,75 метри од повеќегодишниот просек за овој месец.

Скопје – „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј добија решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на ниво на бучава во животната средина. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите, информираат од Општина Центар.

Добиените решенија се во рамките на спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј „13 Ноември“ и мерењета на бучава од локалите, во текот на изминатите два викенди.

Скопје – Во Домот на култура „Илинден“ се одржа традиционалната крводарителска акција.

Акцијата се одржа по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август – Илинден и Денот на Општина Илинден.

Охрид – „Танец и Ладо под звездите“ е вечерашниот пособен настан што се одржува во офф-програмата на „Охридско лето“, со целовечерен концерт на националните фолклорни ансамбли на С Македонија и на Хрватска на големата сцена на Античкиот театар.

„Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Република Северна Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. „Танец“ е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави – без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. „Танец“ ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа. Во текот на своите 72 години од своето постоење, Ансамблот има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполни концертни сали во Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн … Ансамблот не препознава ниту граници, ниту растојанија. Се чувствува како дома насекаде и вратите му се широко отворени каде и да оди.

Охрид – Своевидна традиција на Фестивалот „Охридско лето“ се настапите на уметниците од Музичката младина на Македонија. Секое фестивалско издание тие се дел од програмата, со секогаш свежи и нови содржини. Така е и овојпат, за нивниот вечерашен настап е резервирана сцената на Катедралната црква „Света Софија“., со настапот на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија и уметникот Богдана Бушевска на флејта.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 35 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска… Како признание за постигнатите резултати во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската Федерација на музичка младина. Веќе 35 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните 14 години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Крива Паланка – Општина Крива Паланка објави повик за квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 3, во должина од 217 метри.

-Регулацијата на коритото на Крива Река е дел од вториот проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2Овој повик за понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business од 4 август 2016 годинапечатено издание и објавена електронски на истиот датум. Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) за спроведување на проектот за подобрување на општински услугите (МСИП2) и дел од добиените средства од овој кредит ќе ги искористи за плаќања по договор за Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 3 во должина од 217 метри“. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавањеспецифицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Back to top button
Close
Close