МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

15 мај 2020

15 мај 2020

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Следната недела, од понеделник до петок, ќе се врши чистење и дезинфекција на резервоарот Шуто Оризари, информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

Од ова јавно претпријатие велат дека во тој период можни се кратки прекини на водоснабдувањето во населбата Шуто Оризари. Но, тие нема да бидат подолги од 15 до 20 минути во утринските часови.

Гевгелија,15 мај 2020 (МИА) – Владиниот план за намалување на рестриктивните мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот доследно ќе се применуваат во општина Гевгелија, едногласно одлучи Општинскиот штаб за заштита и спасување на последната седница.

Разгледувајќи го Планот, штабот донесе заклучок сите гевгелиски сопственици на објекти и дејности опфатени со првата олеснителна фаза на рестриктивните мерки да постапат и да ги применат мерките од протоколот, а пак на надлежните служби им наложи да продолжат со мониторингот за доследна примена на протоколите.

 

Back to top button
Close
Close