МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 јули 2021

22 јули 2021

Скопје – Град Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначува два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Тоа се потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“ и ѕидовите од двете страни на булеварот „Гоце Делчев“ под поранешна Стоковна куќа „Мост“, денес Универзитет на Југоисточна Европа.

Како што соопшти денеска тимот на Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата, легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници.

Скопје – Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на промоцијата на Комплексот Планет, што се наоѓа меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај.

Како што најавија од владиниот Сектор за односи со јавноста, на промоцијата ќе бидат присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети и инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мислиу и Џемил Шабани.

Скопје – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид на изградба на експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски на увидот ќе биде придружен од директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе присуствува на почетокот на воведувањето на услугата домашна нега и помош на стари лица од подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Услугата, како што појаснуваат од МТСП, е наменета за лица од над 65-годишна возраст кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

Скопје – Изложба  „Колаж на еден разурнат град“ в понеделник, во 20 часот, ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.

Оваа iзложба е по повод одбележување  58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Скопје – На регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) од 24 јули ќе почне рехабилитација на коловоз гребење и асфалтирање, информираат од ЈП Македонија пат.

На самото место ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Скопје – На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, во рамки на засилените сообраќајни контроли.

Од МВР денеска информираат дека од вкупниот број на изречени мерки, 24 се за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Скопје – Осумте основните училишта на територија на Општина Центар се подготвени за почетокот на новата учебна година. Ова, денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска на одржаниот онлајн состанок ѝ го соопштија на министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Од Општината Центар соопштија дека во изминатиот период, особено во време на пандемијата на Ковид-19, ги поддржува основните училишта во своите активности, со навремена набавка на квалитетен училишен материјал и училишни помагала.

Скопје – Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе бидат корисниците во делови од општините Центар и Сарај.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од дел улицата „Ацо Караманов“ броевите: 16 и 20 во општината Центар, а во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од дел на улиците „Лазар Личеновски“, „Скупи“, „Самоилова“, бул. „Никола Карев“ и други околни улици во општината Центар.

Скопје – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар и Сарај.

Како што соопшти РЦУК, без струја утре во периодот од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од дел улицата „Ацо Караманов“ броевите 16 и 20 во општина Центар, а во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од дел на улиците „Лазар Личеновски“, „Скупи“, „Самоилова“, бул. „Никола Карев и други околни улици, исто така, во општина Центар.

Скопје – Министерството за внатрешни работи соопшти дека и во текот на вчерашниот ден спровело засилени акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Ченто, како што се посочува, изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири за користење мобилен телефон.

Скопје – Општина Карпош соопшти дека целосно се реконструирани детските игралишта во Влае 1, на улицата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ и детската зона во Средно Нерези, на улицата „Козле“ 8 (кај автобуската постојка на последна „57 – ца“).

Општината постави нови тобогани, клацкалки и лулашки, со што се подобрија условите за детска игра и рекреација во овие делови од Карпош. Овие зони придонесуваат за облагородување на јавниот простор меѓу објектите за домување и креирање на содржини за маалски соживот меѓу младите и сите граѓани.

Скопје – СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од  селото Горно Крушје, ресенско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „загрозување на сигурноста“ и  „лажно пријавување на кривично дело“, а надлежен судија му одреди мерка притвор.

Како што информира МВР, пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид.

Радовиш – Обновен е коловозот кај селото Покрајчево во Општина Радовиш, од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат во должина од 500 метри. Овој локален патен правец беше оштетуван во поплавите во 2008, 2013 и 2015 година и досега граѓаните од ова населено место сообраќаа по оштетениот пат.

Како што информираат од локалната самоуправа, завршиле земјaните работи и пробивањето на патот меѓу селата Прналија и Супурге. Овој патен правец се гради во рамки на проектот за поврзување на локални патишта и развој на руралните средини, а за него се обезбедени 20 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски.

Битола – Туристи од западна Европа, деновиве зачестено со своите возила застануваат на станицата за полнење електрични автомобили во Битола.

Од битолски ЈП Паркинзи за МИА потврдија дека во текот на вчерашниот ден е регистриран невообичаено голем интерес и евидентирани се возила со регистарски таблици од Норвешка, Швајцарија, Белгија и Романија кои ги користеле услугите на станицата за полнење на своите електрични возила.

Охрид – На програмата на „Охридско лето“ вечерва сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за настапот на Мешаниот хор на Косовската филхармонија.

Хорот на Косовската филхармонија е професионален ансамбл кој го сочинуваат 50 пејачи. Тој  на своевиден начин ја продолжува работата на поранешниот хор на РТВ Приштина кој беше добро познат во регионот и пошироко во 80-те години под раководство на Рафет Руди. Хорот беше распуштен во 1990 година поради воениот конфликт, но по една деценија, во 2003 година е повторно основан, сега како дел од Косовската филхармонија и  е изграден во еден од најдобрите хорски ансамбли во регионот.

Штип – Во атарот на Карбинци утринава сè уште на одредени локации чади, но според градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев пожарот е под контрола и засега нема опасност повторно да се активира, како што вчера доцна попладнето огнените јазици поради силниот ветар косеа се пред себе.

Штетите се големи, семејството кое беше евакуирано од викенд куќата изгуби се во пожарот, покуќнина, како и малиот бизнис со одгледување на ретки билки.

 

Back to top button
Close
Close