МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14 мај 2020

14 мај 2020

Виница, 14 мај 2020 (МИА) – Општина Виница ќе формира посебно Oдделение за локален економски развој за да ги зајакне капацитетите на општинската администрација во подготовката на капитални проекти, a за кои би се користелe и средства од ЕУ фондовите.

Одлуката за новата систематизација веќе е прифатена од страна на општинскиот Совет, по што е започната постапката за формирање на Одделението за ЛЕР.

Тетово, 14 мај 2020 (МИА) – Продолжувањето на патот од Тетово преку месноста Бањиче до селото Бродец, кое се одвива изминативе два месеци, влегува во завршната фаза со поставување на асфалтната подлога на делницата. Како што информира општината, покрај асфалтирањето, ќе биде поставено и јавно осветлување, кое ќе ја заокружи тековната инвестиција на месноста Бањиче.

 

Back to top button
Close
Close