МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

25 јуни 2021

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Без вода денеска ќе бидат повеќе улиците „Петре Филиповски – Гарката“, „Франц Лист“, „Валандовска“ и дел од „Благоја Стефковски“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, како што соопштуваат од претпријатието, е поради уличен дефект ф-100мм на улицата „Петре Филиповски – Гарката“ број 4 и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Кавадарци, 25 јуни 2021 (МИА) – Зголемена е потрошувачката на вода за пиење во Кавадарци поради горештините, а од Јавното претпријатие „Комуналец” денеска апелираа за рационалност при користење на водениот ресурс.

– ЈП „Комуналец” апелира до граѓаните на град Кавадарци и околните села за рационално користење и употреба на водата односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, соопштија од комуналното претпријатие.

Дебар, 25 јуни 2021 (МИА) – Од синоќа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат по целиот град.

Во гаснењето се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ со сопствена механизација.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Франклин Рузвелт“ број 50, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од оваа улица.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, според информации од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:40 часот, па до завршување со санација на дефектот.

Гевгелија,25 јуни 2021 (МИА) – Во домот на културата во Богданци, во издание на печатницата „Софија“ беше промовирана книгата „Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“ чиј автор е професорот Живко Исак Заев.

За книгата и делото на револуционерот и национален деец од Богданци говореа рецензентот, професор доктор Тодор Чепреганов, синот на Борис Џонов, професор доктор Илија Џонов и авторот на монографијата, професор доктор Живко Исак Заев.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за јуни и бележат дополнително благо намалување во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани каде нивото е двојно повисоко од вчера и е над просекот за овој месец, како и Струмица кај Сушево и Бабуна кај Богомила каде водостојот е малку повисок од просечниот.

Back to top button
Close
Close