МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

17 јуни 2021

Гевгелија,17 јуни 2021 (МИА) – Човечки фактор или самозапалување поради составот на отпадот во дивите депонии се можни причини за повременото горење на дивите депонии кај Сува Река и месноста Милци, рече денеска гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков и најави активности кои ќе се преземат во најбрз можен рок за решавање на актуелниот проблем.

–Во последниот случај на горење и чадење на депонијата кај Сува Река мислам дека причина беше човечки фактор, бидејќи на тоа подрачје има лица со нерегулиран престој во општина Гевгелија кои собираат старо железо, пластика и стакло и секоја година ни го создаваат истиот проблем, истакна Поцков.

Македонска Каменица, 17 јуни 2021 (МИА) – Во работна посета на Македонска Каменица денеска престојуваше Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство во РС Македонија.
Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, на средбата се разговараше за повеќе актуелни теми кои се однесуваат на функционирањето на локалната заедница, справувањето со Ковид-кризата, добрата соработка со компанијата „Рудник Саса“ и идната визија за подобар развој на Општината.

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) – Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека реката Осојница во Виница се загадува од отпадните води од четири свињарски фарми.

-Надзорот се изврши со овластен инспектор од општината, поради локалната надлежност за инспектирање на три од четирите фарми, информираат од ДИЖС.

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) – Во тек е изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, кој минува низ централниот дел на Илинден и Марино и ќе ги зафати и одведе отпадните фекални води до пречистителна станица со капацитет од 2500 еквивалент жители која што ќе ги пречисити отпадните води од колекторскиот систем.

Од прес-службата на Општина Илинден информираат дека фокусот е ставен на изградба на пречистителни станици и канализациски систем во повеќе населени места каде што се работи на изградба на канализациска мрежа во должина од 11000 метри.

Битола, 17 јуни 2021 (МИА)Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и  градоначалничката Наташа Петровска во Битола отворија Центар за јавни услуги –„Една точка за услуги”.

Според министерот Шаќири, проектот во Битола овозможува 64 брзи административни и целосно дигитални услуги.

Кочани, 17 јуни 2021 (МИА) – Општина Кочани доби награда од Европскиот зелен појас (European green belt) за нејзините досегашни активности и работењето за зачувување на природата и на биолошката разновидност.

На презентацијата што денеска се одржа во Инфо центарот на Пониква, беше истакнато дека главна цел на Европскиот зелен појас е подоброто усогласување на човековите активности со природната средина и зголемување на можностите за социо-економски развој на локалните заедници. Притоа вклучени се 24 европски земји, поделени во четири региони, во кои се номинира по една општина што најмногу придонела за зачувување на природата.

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) – Сообраќајот на патниот правец Миладиновци – Штип, кој беше блокиран кај клучката Три Чешми, е нормализиран, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на автопатот Миладиновци – Штип беше блокиран поради штрајк кај клучката Три Чешми.

Делчево, 17 јуни 2021 (МИА) – Во Делчево во тек е замена на водоводната мрежа на две улици во градот. Активностите, како што информираа од Општината, ги реализираат екипи на делчевското комунално претпријатие. Опфатот на градежните работи е 570 метри.

-Екипи на јавното комунално претпријатие „Брегалница” започнаа со замена на старата дотраена азбестна водоводна линија со полиетиленски цевки на улицата „Орце Николов“, како и кракот кој води на улицата „Скопска“ во Делчево. Водоводната линија, која се реконструира и каде се поставуваат нови полиетиленски цевки е во должина од 570 метри, информираа од Општината.

Back to top button
Close
Close