МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

16 јуни 2021

Кичево, 16 јуни 2021 (МИА) – Барањето што жителите на кичевското село Лешница го упатија до Општина Кичево дава резултат и деновиве почна целосна реконструкција на патната мрежа во ова село, која досега беше во исклучително лоша состојба, а во периоди на врнежи од дожд и снег низ селото беше отежнато движењето како пеш така и со автомобил.

Емин Емини, член на месната заедница во село Лешница истакна дека од пред една недела активно се работи на терен и најдоцна до крајот на месецов се очекува патната инфраструктура во селото да добие сосема нов посакувам лик. Тој вели дека селаните повеќе нема потреба да се движат по калливи  и расквасени патишта.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација – Аеродром, Славе Еленовски, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Од овој договор, како што велат од Општината, корист ќе имаат вработените во оваа институција, кои се членови на УПОЗ.

Кичево, 16 јуни 2021 (МИА) – Бирото за регионален развој и годинава намени средства за нови инвестиции  во општините, со кои ќе се подигне квалитетот на животот на граѓаните.

Општина Кичево и годинава од Бирото за регионален развој ќе добие 38 милиони денари за реализирање на проекти од областа на инфраструктурата, спортот, образованието и друго проекти.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Без вода денеска од 12:40 часот се корисниците од улицата „Петре Георгиев“ и неколку објекти во близина на поликлиниката „Бит пазар“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-80мм на бул. „Крсте Мисирков“ бб (позади поликлиниката Бит Пазар)

Берово, 16 јуни 2021 (МИА) – Во Берово вечерва ќе се спроведе првата теристичка дезинсекција против комарци. Поради ова од општината апелираат до населението во периодот помеѓу  21:30 до 00:30 часот да не се излегува надвор од своите домови.
– Сакаме да го известиме населението од подрачјето на Општина Берово дека согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, денеска (среда) во периодот од 21:30 до 00:30 часот, ќе се  спроведе прва фаза од теристичката дезинсекција, со цел уништување на  комарците. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори, информираат од општината.
Кочани, 16 јуни 2021 (МИА) – Во комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани денеска беше отворен Центар за односи со корисници, како дел од компонентата за негов институционален развој.
Отворањето на Центарот е дел од реализацијата на проектот за третман на отпадните води, финансиски поддржан од владата на Швајцарија, од локалната самоуправа на Кочани и со сопствени средства на претпријатието.
Делчево, 16 јуни 2021 (МИА) – Општина Делчево го започна процесот за воведување родово одговорно буџетирање во локалните политики и буџетските процеси. Од општината информираат дека активностите се реализираат со поддршка на UN Women, која е орган на ОН и со мандат за постигнување родова еднаквост и зајакнување на позицијата на жените.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Нова детска градинка  „8 Април“ со капацитет да згрижи над 300 деца беше пуштена во употреба денеска во општината Шуто Оризари. Таа е енергетски ефикасна, зелена и инклузивна, односно во неа ќе можат да бидат згрижени и дечиња кои имаат некаква попреченост. Дополнително, во состав на градинката ќе функционира и дневен центар за деца од улица.

Со гордост можам да најавам дека од денеска децата од оваа општина со 22 илјади жители претежно од ранливи категории ќе имаат можност да престојуваат во модерна градинка конципирана според највисоките стандарди за предучилишна установа. Драго ми е што оваа е единствена ваква градинка која што ги има вградено сите стандарди за коишто зборуваме и е прва во Северна Македонија токму овде во Шуто Оризари, рече на отворањето на градинката премиерот Зоран Заев.   

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Јавните градски претпријатија на Град Скопје, по претходна координација на градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски отпочнаа голема акција за подобрување на условите околу градските гробишта по повод претстојните празници Задушница и Духовден.

Имено, во акцијата вклучени се пет јавни градски претпријатија и општина Бутел со своја механизација и човечки ресурси.

 

Back to top button
Close
Close