МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

16 јуни 2021

16 јуни 2021

Скопје – Во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој од Скопје денеска ќе се одржи јавната расправа „Од ветено до реализирано? Колку локалните младински политики беа во фокус на градоначалниците?“ .

Од Здружението информираат дека на јавната расправа ќе учествуваат Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош и Иван Јованов, експерт за младинска политика.

Скопје – Во рамки на 11. ликовна колонија „Љубанци 2021“ денеска ќе се одржи Детскиот ликовен ден на кој ќе учествуваат триесетина талентирани ученици од седумте основни училишта во општина Бутел, вклучувајќи ги и најмалите од градинката ЈОУГД „11 Октомври“ со нивните ментори-наставници.

Тие заедно ќе сликаат со дваесеттината ликовни уметници кои работат на своите уметнички дела од саботата, кога беше отворена колонијата „Љубанци 2021“.

Скопје – Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и на стопанството, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија ЈКП „Илинден“ и ЈКП „Водовод“, соопштија од општината.

– За поквалитетно одржување на јавната чистота, за метење на јавните и на сообраќајните површини – улиците, паркинзите, тротоарите, велосипедските патеки набавено е специјално еко возило-метлачка, во вредност од два милиона денари, како и машина за бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, информираат од општина Илинден.

Скопје – Противпожарната Бригада на Град Скопје и специјалните единици за спасување на Министерството за внатрешни работи вечерва во 19:30 часот ќе изведат јавна презентација за новата противпожарна скала.
Презентацијата ќе се одвива на улица „11 Октомври“, на потегот од Тутунски комбинат до крстосницата кај Црвен Крст. За таа цел, во период од 18:00 до 21:00 часот сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен.

Скопје – Екипите на Град Скопје почнаа со асфалтирање на булеварот Никола Карев, кој се проширува и реконструира на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток, информираат од прес службата на Град Скопје.

– Деновиве се поставува носечкиот слој асфалт на проширениот дел од овој нов булевар, а асфалтирањето ќе продолжи и во наредниот период. На терен се работи на траса долга околу еден километар, постојниот коловоз се проширува на 4 сообраќајни ленти, се прави простор за разделно зеленило и се оформуваат мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни, соопштија од Град Скопје.

Скопје – Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје, како што соопштија од МВР, изречени се вкупно 319 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

Скопје – Полицијата во акциска контрола во скопската населба Ченто вчера санкционира 217 возачи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за управување без возачка дозвола санкционирани се 35 возачи, за возење со поголема брзина од дозволеното- 32, за непрописно вградени фолии 15, за зборување на мобилен телефон14, некористење сигурносен појас 14, нерегистрирани возила осум возачи итн.

Скопје– Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Корушка“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“, како и дел од корисниците од улицата „Иван Цанкар“,  Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците  дел од улицата „Џумајска“,  Општина Ѓорче Петров, како и корисниците од улицата „Саса“ – подулици 18 и 32, Општина Кисела Вода. Во периодот од 10:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од корисниците од село Шишево, Општина Сарај.

Back to top button
Close
Close