МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

15 јуни 2021

15 јуни 2021

Битола – Националната установа Центар за култура во Битола е подготвена за 22. издание на фестивалот на монодрама, што ќе почне со монодрамата „Кармен“ во изведба на актерката Биљана Драгичевиќ Пројковска.

Годинешниот фестивал што се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на Општина Битола е посветен на македонските актери, кои од 22 до 27 јуни ќе се натпреваруваат за фестивалските награди и ќе настапат на повеќе културни сцени во Битола.

Прилеп – Актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ќе се кандидира за втор мандат на локалните избори наесен.

Како што изјави Јованоски, за кандидатурата ја побарал поддршката од неговата партија – СДСМ.

Скопје – Град Скопје и Националниот сојуз на слепи во Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка со цел поефикасно остварување на социјалната грижа за слепите лица, нивна поголема мобилност, вклучување во општествените текови и јакнење на социјалната сигурност.

Како што информираше Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, при денешното потпишување на Меморандумот, Националниот сојуз на слепи со овој меморандум се обврзува да подготвува извештаи за работа на Град Скопје за состојбите поврзани со социјалната сигурност на слепите лица а заради потреба на адаптација со целосно справување на пречките, обезбедување достапност на информациите како и јакнење на правата на слепите лица во градот.

Прилеп – Вкупно 64 уметнички фотографии на 59 автори се дел од осмата традиционална годишна изложба на Фото-кино клубот од Прилеп, која што синоќа беше отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Оваа традиционална изложба на која се претставени уметничките фото-дела на прилепските автори, членови на клубот, го носи името на починатиот фотограф и вљубеник во оваа уметност, поранешен член – Јордан Зазоски-Зазо.

 

Back to top button
Close
Close