МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11 јуни 2021

Кичево, 11 јуни 2021 (МИА) – На 13 јуни во недела со марш на планината Лопушник ќе биде одбележана 78 годишнината од смртта на Коста Солев Рацин.

Преставникот на ПСД „Бистра“ и Општина Кичево, Михајло Петрски наласи, дека традиционално на овој ден местото, го посетуваат претставници на Општина Велес, родниот град на поетот, Општина Кичево, каде што се наоѓа планината Лопушник и првата партизанска печатница, претставници на Сојузот на борците од двете општини, како и почитувачи на животот и делото на Рацин, планинари, извидници и многу други.

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) – Нова детска градинка ќе биде изградена во Општина Центар, во населбата Пролет, во склоп на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“. Почетокот на изградбата ќе почне околу средината на јули, а градоначалникот на Општината Саша Богдановиќ, најави дека ова ќе биде најголемата градинка во државата.

– Ова е нашиот предлог проект кој што е донесен по донесувањето на новиот детален урбанистички план „Пролет“, и е прва градинка во населбата Пролет, каде според стариот ДУП објектот на локалната самоуправа е заменет со намена детска градинка, што претходно беше предвидено да биде деловен објект, изјави денеска Бодановиќ.

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) – Поради уличен дефект ф-2“ на улица „Браќа Кошулчеви“ број 4, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало во Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот, па до завршување со санација на дефектот.

Гевгелија, 11 јуни 2021 (МИА) – Изминатата 2020 година во општина Гевгелија се родиле вкупно 170 дечиња од кои 92 машки и 78 женски што претставува намалување за околу 12 отсто во однос на 2019 година, податок кој всушност потврдува континуиран пад на наталитетот последниве неколку години.

Во споредбената 2019 година, бројот на новородени дечиња во општина Гевгелија изнесувал 197 од кои 88 машки и 109 женски, велат од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија каде, поради недостаток на персонал во акушерското одделение, биле породени 57 дечиња или само едно повеќе во однос на 2020 година кога се породиле 56 дечиња во гевгелиската болница.

Велес, 11 јуни 2021 (МИА) – Општина Чашка распишана тендерска постапка за изградба на ново училиште во село Долно Јаболчиште, на два ката со вкупна површина од 430 квадратни метри.

Повеќе од 180 ученици ќе добијат современо и модерно училиште до деветто одделение, информира градоначалникот Горан Стојановски.

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) – На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

 

 

Back to top button
Close
Close