МИА Општински пул

МИА Општински пул

5 март 2020

5 март 2020 

Кавадарци – Задолжително треба да се преврива пред употреба за пиење водата од регионалниот водовод „Лукар“ бидејќи  е заматена и нема присуство на резидуален хлор, поради обилните  дождови и наглото топење на снегот од планината Кожуф, укажува одделението на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

– Денешните мерења на резидуален хлор во водата покажаа негово отсуство,  а тоа ни е показател за хлорирање на водата за пиење. Дадовме налог до комуналното преторијатие  да се зголеми дозирањето  на хлор во хлораторната  станица. Зедовме и дополнителни  мостри од водата за пиење за анализа, појасни Трајче Ризов, раководител и лекар специјалист по хигиена во кавадаречкото одделението за јавно здравје Кавадарци.

Скопје – Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML=2.6 и  интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, утрово во 7:26 часот е почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од струмичкото епицентралното подрачје.

Скопје – Поради дефект на уличната водоводна инсталација, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улицата „Џон Кенеди“ и дел од ул. „Серава“ во Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до отстранување на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Скопје – По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ во сабота ќе го организираат популарното „Женско рели 2020“.

Како што наведуваат организаторите, првиот екипаж ќе почне во 10:30 часот од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, но ќе учествуваат со сопствено возило.

Крива Паланка – Здравствениот дом „Димитар Арсов” од Крива Паланка годинава ќе биде опремен со нов ЕХО апарат, инвестиција вредна околу милион денари, а ќе се реализира согласно Програмата за работа на установата за тековната 2020 година.

-Охрабрени од добрата финансиска состојба што успеавме да ја стабилизираме, со планираните активности за тековната година, веќе се работи на набавка на нови медицински апарати и доопремување на целата установа. Прво и многу важно што ни претстоти е набавката на нов ЕХО-томографски апарат со можност за извршување доплер-прегледи на крвните садови, апарат кој вреди околу 1.000.000 денари, бидејќи постојниот апарат кој е сеуште во функција со кој се реализираат прегледите е стар повеќе децении. Исто така, планирано е да се спроведе доопремување на кабинетот за физикална медицина со нови апартати, бидејќи постојните се постари повеќе од 15-тина години, опрема која ќе чини околу 300.000 денари, изјави директорот на здравствен дом, Крива Паланка, Бранко Стаменковски.

Скопје – Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија и Крива Паланка 34 литри на метар квадратен, во Штип 26 и во Гевгелија 22 литра. Дуваше и умерен ветер од северен правец. Утрово врнежите на повеќето места престанаа. Слаби врнежи од снег има во Крива Паланка и Крушево, а во Маврово има појава на магла со намалена видливост до 50 метри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува.

Крива Паланка – Десет невработени лица од Кратово беа ангажирани со проектот „Нов пријател“ кој се спроведе во рамки на програмата општинско-корисна работа, насочена кон поддршка на социјалноранливите групи и невработените.

Од локалната самоуправа на општина Кратово информираат дека програмата општинско корисна работа во Кратово се реализира по шести пат.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close