МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 февруари 2020

28 февруари 2020

Дебар, 28 февруари 2020 (МИА) – Советот на Општина Дебар на денешната 33-та редовна седница ја усвои завршната сметка на општинскиот буџет за минатата година.

– За 2019 година вкупно планираниот Буџет беше 377,2 милиони денари, а реализирани се 331,8 милиони или помалку за 45,4 милиони денари. Кога станува збор за расходите, тие беа проектирани на 377,2 милиони, а потрошени се 325,5 милиони денари. Како вишок на приходи во основниот буџет за оваа година се префрлени 6,5 милиони денари, рече Ќазим Ќормемети раководител на секторот за финансии при Општината.

Битола, 28 февруари 2020 (МИА) – Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, изврши увид во градежните активности на улицата „13. Јули“ во Нова Битола.

За реконструкција и ставање во функција на таа улица, Општината издвои 5,5 милиони денари, изјави Петровска.

Куманово, 28 февруари 2020 (МИА) – Обвинителите од Основното јавно обвинителство Куманово од денеска се сместени во нови реконструирани простории во зградата на Основниот суд. Од денеска, кумановското обвинителство е сместено на третиот кат и има двојно поголем број на простории. Реконструкцијата на обвинителствата се спроведува со средства од фондовите на ЕУ.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Во Волково денеска почна изградбата на новиот кружен тек и реконструкцијата на патот до Кучково. На стартот на градежните работи присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

 

Back to top button
Close
Close