МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 февруари 2020

26 февруари 2020

Куманово, 26 февруари 2020 (МИА) – Македонски и бугарски компании ќе учествуваат на бизнис-форумот насловен „Заедно можеме повеќе“ што ќе се одржи на 28 февруари (петок) годинава, во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, во организација на Општина Куманово и здружението за поддршка на мали и средни претпријатија во Бугарија „Обединети бизнис-клубови“.

Свети Николе, 26 февруари 2020 (МИА) – Приватниот сектор е и треба да биде двигател на економскиот раст во земјава. Затоа економските политики се во насока на поддршка на развој на конкурентноста на приватниот сектор, на поддршка на извозот, инвестиции во нови технологии и подобрување на адекватноста на работната сила на пазарот на труд. Во буџетот за 2020 предвидени се 6,7 милијарди денари за мерки за поддршка на приватниот сектор.

Кавадарци, 26 февруари 2020 (МИА) – Почнуваат градежни работи за изградба на нова градинка во Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев денеска на прес-конференција информираше дека објектот ќе биде на две нивоа со седум занимални, на површина од 1.145 квадратни метри.

Дебар, 26 февруари 2020 (МИА) – Основното општинско училиште во Ростуше, ќе го носи името на Хајан Селмани, кој важеше за еден од најпрогресивните македонски претприемачи, говорник, филантроп, учесник во многу акции, човек кој понудил извозни решенија во ИТ секторот.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close