МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

25 февруари 2020

25 февруари 2020

Гевгелија, 25 февруари 2020 (МИА) – Во гевгелискиот Дом на културата од почетокот на март со работа ќе стартува едукативна секција за традиционални ора и традиционално пеење со која всушност се проширува дејноста на оваа културна институција, потврдија денеска од раководството на Домот.

Вчера стартуваше пријавувањето на заинтересираните за споменатава секција која ќе работи под раководство на етнокореологот Силвестер Проле.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Без вода денеска од 9:30 часот до завршување
на санирање на дефектот ќе бидат корисниците на улиците „Рељо Шестокрило“, „Гвадалахара“, „Диме Мечето“, „Гарсија Лорка“ и „Метохиска“ во Општина Шуто Оризари.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Р1308, делница Макази–Маркова Нога (близу село Штрбово, место викано Долги Рид), што го поврзува градот Ресен и околината со Граничниот премин Маркова Нога.

Куманово, 25 февруари 2020 (МИА) – Во Куманово денеска е ден на жалост по повод трагичниот настан во Романовце во кој по експлозија на плинска боца загинаа три деца, а подоцна на повредите им подлегна и 58-годишен маж.

 

Back to top button
Close
Close