МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

24 февруари 2020

24 февруари 2020

Берово, 24 февруари 2020 (МИА) – Единаесет советници од Советот на Општина Берово, заедно со претставници на општинската администрација, учествуваа на првата обука, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Во рамки на проектот, како што информираа од општината беровските советници и администивните службеници, ќе имаат можност да проследат неколку модули и ќе обработуваат различни теми, кои ќе ги опфатат сите општински надлежности.

Тетово, 24 февруари 2020 (МИА) – Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ од Тетово денеска ги промовираше новите училишни столови и клупи донација од турска хуманитарна фондација. Во знак на благодарност до донаторите училиште огранизираше пригодна свеченост.

Крива Паланка, 24 февруари 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка објави јавен повик за доставување инциијативи за изработка на урбанистички планови за првиот квартал во 2020 година.

Јавниoт повик е објавен на веб-страната и на огласната табла во Општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во дневни весници и во службеното гласило на Општината.

 

Back to top button
Close
Close