МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 февруари 2020

21 февруари 2020

Гевгелија, 21 февруари 2020 (МИА) – Советот на Општина Гевгелија на седница ги определи трите зони за паркирање возила во Гевгелија со цел да се стави ред во сообраќајот особено во централното градско подрачје.

– Првата, црвена зона А, е ограничувачка и треба да влијае дестимулирачки кај возачите за долготрајно паркирање во центарот на градот, поточно на определените пет улици без паркинг-просторите кај гимназијата и зад Стопанска банка, рече проектантот Миле Стојменов.

Кичево, 21 февруари 2020 (МИА) – Општина Кичево на жителите што купиле инвертер-клими во тековната 2020 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 15 октомври 2020 година, ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на инвертер-клими, во висина не повеќе од 62.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, што го пресметува и го исплаќа Општината.

Кочани, 21 февруари 2020 (МИА) – Општина Кочани ја заврши обврската за подготовка на теренот на кој ќе се гради нова детска градинка, по што изведувачот Заедничко вложување „ВИА инженеринг“ од Вевчани, „Дрво пром“ од Мородвис и „Промонтинг“ од Скопје е воведен во градежните работи.

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа следните три дена без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close