МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 февруари 2020

20 февруари 2020

Гевгелија, 20 февруари 2020 (МИА) – Во гевгелиската Општа болница завршика градежните работи кои изминативе неколку месеци се изведуваа со цел да ги подобрат условите во делот за престој на пациентите и за работа на здравствениот персонал.

Преземените активности беа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и овозможија комплетна реконструкција на најстариот болнички дел.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница утре и во сабота ќе воведе дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Општина Бутел од денес отвори дежурен телефонски број, на кој жителите ќе можат да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животна средина и урбанизам, како што се палење смет, токчичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго.
Телефонскиот број 075/249-314 ќе биде во функција за жителите на Општина Бутел 24 часа со цел да се пријавуваат сите нерегуларности кои се во надлежност на општината.

Гевгелија, 20 февруари 2020 (МИА) – По повторената и овој пат успешна тендерска постапка на јавниот повик е создадена можност за почеток на реконструкцијата на мостот на Конска река, на влезот во селото Моин, соопштија денеска од Општина Гевгелија.

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close