МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 февруари 2020

19 февруари 2020

Битола, 19 февруари 2020 (МИА) – Националната установа Центар за култура-Битола во овој период од годината организира и ги реализира планираните музички концерти и други културни настани.

Концертната сезона почна со два концерти на битолскиот Камерен оркестар, кои пред бројна публика се одржаа во големата сала на НУ Центар за култура, а денеска почна продажбата на влезници за концерт на женскиот квартет „Фрајле“.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 37 станови за социјално ранливи категории на граѓани во станбена зграда на ул. „Ѓорѓи Василев“ во Струмица.

Право на учество на огласот што е отворен до 15 април годинава имаат деца без родители или родителска грижа – над 18 години кои до 18.тата година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Без вода утре ќе останат корисниците од населбите Чаир, Топанско Поле, Бутел 2, Гази Баба, високата зона во населба Железара и Гинекологија Чаир од 23 часот до завршување.

Back to top button
Close
Close