МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 февруари 2020

18 февруари 2020

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Во Нерези денеска се отвори новиот пензионерски клуб, каде пензионерите ќе можат да се социјализираат и дружат. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска ги посети повозрасните сограѓани, но и учениците од општинското основно училиште „Братство“, со цел да се поттикне меѓугенерациска дружба.

Делчево, 18 февруари 2020 (МИА) – Продолжува имплементацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево”. Претставници од швајцарската консултантска фирма ЕБП и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот, денеска одржаа нов состанок со претставници од работната група на општина Делчево, на кој се разговараше за инфструктурните проекти и сите проблеми кои ги носи реализацијата на проектот ,,Водоснабдување на Делчево”.

Кичево, 18 февруари 2020 (МИА) – Печалбари од Кичевско кои живеат и работат во САД им подарија нови концертни пијана од марката „Каваи“ на Центарот за култура во Кичево и на шест основни училишта.

Мазлам Османи, директор на НУ Центар за култура во Кичево, изјави дека печалбари од кичевскиот регион, кои подолг период живеат и работат во САД, ги подариле инструментите од јапонско производство и имаат првокласен звук.

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека јавниот повик за поднесување барања за финансиска поддршка преку Програмата за капитални субвенции истекува за седум дена, заклучно со 25-ти овој месец.

Струмица, 18 февруари 2020 (МИА) – Општина Ново Село продолжува со акцијата „Канта за отпад за секое домаќинство“, која започна во септември минатата година. Преку грант од проектот за подобрување на општинските услуги, спроведeн од Министерството за финансии, набавени се 2.039 пластични канти.

Делчево, 18 февруари 2020 (МИА) – Во Делчево и Македонска Каменица започна пријавувањето за набавка на огревно дрво за следната грејна сезона. Пријавувањето и годинава ќе го врши Шумско стопанство „Голак“ Делчево, од каде информираат дека е во тек склучувањето договори со заинтересирани правни и физички лица кои од подружницата ќе набавуваат огревно дрво.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close