МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

17 февруари 2020

17 февруари 2020

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Општина Ѓорче Петров забрзано работи на изградбата на корзото во општинскиот парк, урбан споменик на минатото што се реализира преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финасии со поддршка од Светска банка. Вкупната вредност на инвестицијата е 21 милион денари од кои 3,9 милиони се грант за изградба на улицата со калдрма.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје денеска соопшти дека е пуштен во употреба билетот за едно возење што може да се набави во сите возила и во билетарниците на ЈСП Скопје.

– Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје. Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори, наведоа од ЈСП Скопје.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Целосно се обновени тоалетите и две соблекувални во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае.

– Се работи за комплетна санација на машката и женската соблекувална и на санитарниот јазол која опфати поставување нови плочки, санитарија и бојадисување на просториите. Примарната цел е да се овозможат подобри услови за престој и спортување на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, соопшти Општина Карпош.

 

 

Back to top button
Close
Close