МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

13 февруари 2020

13 февруари 2020

Кочани, 13 февруари 2019 (МИА) – Пожарникарите од Територијалната единица во Кочани добија дополнителна заштитна опрема за интервенции на терен, што со јавна набавка ја обезбеди Општина Кочани.

Се работи за наменски интервентни чизми и заштитни поткапи, за што од општинскиот буџет се издвоени околу 260 илјади денари.

Кавадарци, 13 февруари 2020 (МИА) – Едукативни флаери за земјоделците, за да внимаваат кога горат отпад на нивите, беа поделени денеска во Кавадарци, од страна на одделот за превенција при ОВР.

-Превентивната акција беше реализирана во месноста „Краиште“. Таму беше разговарано со земјоделци, беа поделени флаери за превенција од пожари на отворен простор. Сето тоа, со оглед на поволните временски услови и високи температури кои овозможија земјоделците да излезат на лозовите насади и да отпочнат со обрежување и кроење на виновата лоза, собирање и горење на отпад и суви прачки, палење на меѓи и стрништа, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Кичево, 13 февруари 2020 (МИА) – ЕВН излезе со известување дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија во период од 12:00 па се до 14:00 часот, ќе останат корисниците во повеќе села во јужниот дел на општина Кичево.
Без струја ќе останат жителите на Челопеци, Орланци, Патеец, Козичино, Дупјани, Атишта, Козичино, Вранештица, Кладник, Миокази, Староец, Цер, Црско, Прострање, Велмевци, Воени Магацини, Цоцан Космофон и Гаро како и селото Лисичани од општина Пласница.

Берово, 13 февруари 2020 (МИА) – Во Берово e објавен јавен оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од општинскиот буџет за 2020 година. Распределбата на средствата, како што информираат од општината, ќе се врши согласно програмските активности на здруженијата и фондации.

 

Back to top button
Close
Close