МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 февруари 2020

7 февруари 2020

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Поради метежот од возила што минатиот викенд се создаде на Водно, градските инспектори за патен сообраќај викендов ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, соопшти Град Скопје.

Гостивар 7 февруари 2020 (МИА) – Општина Гостивар го поднови возниот парк со специјално возило со кое ќе се сервисира и одржува уличното осветлување. Ваков камионет, како што изјави денеска градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, е потребен за да ја олесни работата на службата која го одржува јавното осветлување.

Берово, 7 февруари 2020 (МИА) – Непроменетата цена за автотакси-услугата, лошата вертикална сигнализација и појавата на „диви“ такси-превозници, се клучните проблеми со кои се соочуваат беровските автотакси-превозници.

Битола, 7 февруари 2020 (МИА) – Општина Битола го промовира новото идејно решение кое ќе биде реализирано на кружниот тек на влезот во градот од страната на градот Прилеп. Станува збор за проектот „Ракување“ кој според стручна комисија е одржлив и изводлив, содржи пораки и на преден план го става културниот идентитет на градот.

Велес, 7 февруари 2020 (МИА) – Опшина Градско со поддршка од компанијата ДММ „Дрекслермаер“ неделава постави нови автобуски постојки во централното подрачје на Градско.

Дебар, 7 февруари 2020 (МИА) – Општина Дебар, во текот на минатата година од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општината, инкасирала 3.276.000 денари или 53.300 евра.

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close