МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 февруари 2020

7 февруари 2020

Битола, 7 февруари 2020 (МИА) – Патеките за скијање во „Ски-центар“-Нижо Поле на Баба Планина се подготвени за ноќно скијање, информираат од ЈП „Стрежево“-Битола, претпријатие кое стопанисува со зимскиот рекреативно-туристички центар. Како што истакна генералниот директор на претпријатието Методија Граматковски, претпладнево непречено до 14 часот е овозможено дневно скијање, а потоа патеките дополнително ќе бидат уредени за првото ноќно скијање во оваа година.

Куманово, 7 февруари 2020 (МИА) – Редовно се спроведува вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и во соседните општини, информираа денеска од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.

Македонска Каменица, 7 февруари 2020 (МИА) – Јавното комунално претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и годинава преку наградна игра ќе ги стимулира своите корисници редовно да ја плаќаат комуналната такса.
Како што информираат од претпријатието, право на учество во наградната игра имаат сите корисници кои ќе ја намират комуналната такса за месец декември 2019 година, најдоцна до 15 февруари.

 

Back to top button
Close
Close