МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

6 февруари 2020

6 февруари 2020

Крива Паланка, 6 февруари 2020 (МИА) – Со средства во износ од 12,5 милиони евра, ќе се реконструира 13 километри пат од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, дел од коридорот 8. На локацијата кај село Узем, Кривопаланечко, денеска официјално почнаа градежните работи од проектот „Побезбедно патување и подобра поврзаност на граѓаните на Северна Македонија“ поддржан од Европската унија и Програмата за инвестирање.

Струмица, 6 февруари 2020 (МИА) – Судскиот совет при Основниот суд во Струмица на чело со судијката Цона Каламерникова го прогласи за виновен Марјанчо Велев (54) од струмичкото село Добрејци за убиство на струмичанецот Ристо Иљашев и му определи казна затвор во траење од 20 години.

Гевгелија, 6 февруари 2020 (МИА) – Активностите предвидени со Програмата за социјална заштита во оваа година, општина Гевгелија ќе ги реализира со средства предвидени во општинскиот буџет, во износ од три милиони денари, одлучија советниците на последната седница.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Изградба на нова монтажна катна гаража почнува во Расадник, во општината Кисела Вода, соопшти денеска општината. Во соопштението се додава дека изградбата е во рамки на најавеното подобрување на сообраќајните решенија, во кои е опфатен и проблемот со паркирањето.

Тетово, 6 февруари 2020 (МИА) – Жителите на шарпланинските села Вејце и Селце изразуваат незадоволство од тоа како се интервенира во расчситување на снегот до овие рурални места на висока надморска височина. Тие велат дека дел од патиштата воопшто не се исчистени од снег, а поради тоа сообраќајот не може да се одвива. На социјалните медиуми објавуваат фотографии и видеа за состојбата во нивните села.

 

Back to top button
Close
Close