МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

5 февруари 2020

5 февруари 2020

Крива Паланка, 5 февруари 2020 (МИА) – Висината на снежната покривка на повисоките места над 1.000 метри надморска висина во Кривопаланечко изнесува околу еден метар со наноси и соспи, поради што непроодни се неколку локални патишта во селата во близина на градот и во Ранковце.

Кичево, 5 февруари 2020 (МИА) – Снегот што утрово заврна во Кичево и Кичевско формира незначителна покривка, но доволно за радост на децата кои имаат можност да го видат. Сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.

Дебар, 5 февруари 2020 (МИА) – По обилниот дожд и ветерот, снегот што во текот на ноќта наврна во дебарскиот регион не создаде некои поголеми проблеми. Ова го потврдуваат од дебарското подрачо одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, каде нема пријави за проблеми или штети.

Делчево, 5 февруари 2020 (МИА) – Делчевци утрово се разбудија под снежна покривка, прва за 2020 година. Снегот е најизразен на повисоките места, а најмногу наврна на планината Голак. Како што информираат вработените во ЈП „Македонски шуми” подружница Голак – Делчево, кои вршат обиколка на теренот, снежната покривка изнесува 20 сантиметри.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Поради закажани технички зафати, без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Чаир, Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.

Како што информира ЦУК – Скопје, во време од 12:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ресенска“, а од 08:30 до 10:30 часот дел од улицата „Мишко Михајловски“ и околните улички.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Општина Карпош од денеска започнува со спроведување на анкета во урбаната заедница Карпош 2, со цел граѓаните да одлучат дали се за регулирање на паркирањето или не. Во изминатата недела се спроведе иста ваква анкета во Карпош 1. Тимовите на локалната самоуправа ги посетија сите домаќинства, а оние кои не беа затекнати во своите домови беа повторно посетени до три пати.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close