МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 февруари 2020

4 февруари 2020

Делчево, 4 февруари 2020 (МИА) – Делчево денеска ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на патронот на градот, Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Корисниците од улицата „Козле“ од број 86 до 132 денеска ќе останат без вода поради водоводен приклучок ф150м.м на улица „Козле“ 108.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Нивото на сите реки во земјава е намалено, а кај некои од нив тоа е два или три пати пониско од просекот за месец февруари, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Тетово, 4 февруари 2020 (МИА) – Поголем дел од Тетово остана без вода за пиење поради пукање на една од главните водоводни цевки во централното градско подрачје на улицата „Илиденска“. Поради дефектот во водоводната мрежа без вода за пиење привремено ќе бидат домаќинства и објектите во реонот од плоштадот кон стадионот и касарната.

Охрид, 4 февруари 2020 (МИА) – Со повеќе настани во рамки на годинашното издание на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи” ќе бидат одбележани 127-годишнината од смртта на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев, како и јубилејните 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на неговото најпознато дело – поемата „Сердарот”.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Делови од Аеродром, Сопиште и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија. Како што соопшти Центарот за управување со кризи по претходно добиено известување од ЕВН Македонија АД без струја утре ќе останат, од 8 до 10 часот, корисниците од булевар „АСНОМ“ броевите 14, 16, 18 и 24 во Аеродром и од 9 до 13:30 часот корисниците од село Барово во Сопиште.

 

Back to top button
Close
Close