МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

3 февруари 2020

3 февруари 2020

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во коментар за непрописно паркирани автомобили на Водно денеска истакна дека Јавното претпријатие „Градски паркинг“ не може самоиницијативно да ги отстрани тие возила без полициска асистенција.

Куманово, 3 февруари 2020 (МИА) – Кумановското средно училиште „Наце Буѓони“ во партнерство со католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник, Босна и Херцеговина, економското-трговско училиште од Кикинда, Србија започна со имплементација на проектот „# 3 for Eco“ финансиски поддржан од програмата на „RYCO“, информираа денеска надлежните од училиштето.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Александар Матовски, лице со Даунов синдром познат како Цако од денеска е дел од тимот на Град Скопје. Цако ќе биде ангажиран во одделението за социјала, детска и здравствена заштита, бидејќи, како што соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, неговите афинитети се насочени точкму кон таа област, а неговите познавања за целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на социјалните услуги на граѓаните.

Крива Паланка, 3 февруари 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка воведе забрана за сите видови сообраќај на постојниот патен правец од Крива Паланка до село Варовиште кој води кон манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски кај Крива Паланка.

Делчево, 3 февруари 2020 (МИА) – Членови на меѓународната мировна организација ХВПЛ од Јужна Кореја, денеска во Делчево реализираа едукативни работилници за мир и толеранција со ученици од деветолетките „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“. Како што информираше претставникот од Јужна Кореја, Еди Чои, едукативни работилници на оваа тема досега се одржале во неколку градови.

 

Back to top button
Close
Close