МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

30 јануари 2020

30 јануари 2020

Струмица, 30 јануари 2020 (МИА) – Струмица наскоро треба да добие „Европска куќа“, проект што ќе се реализира во рамки на програмата „ЕУ за тебе“, соопштија денеска од општина Струмица.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и евроамбасадорот Самуел Жбогар вчера потпишаа меморандум за разбирање во канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Струмица, 30 јануари 2020 (МИА) – Во Струмичкиот регион лани е забележан поголем број пожари во споредба со 2018 година.Според извештајот за работа на Територијалната противпожарна единица во Струмица, што вчера беше усвоен од Советот на општината, вкупно 531 пати интервенирале пожарникарите, во најголем дел во гаснење пожари, но и други технички интервенциии, што е за 20 интервенции повеќе од преклани.

Делчево, 30 јануари 2020 (МИА) – Делчевски Голак од утрово е со нова снежна покривка. Љубители на планината кои се искачија на блиската планинска убавица велат дека снежната покривка изнесува околу седум сантиметри.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – На 11 локации на државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод ќе се градат фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќност од 35 мегавати. Инвеститори се девет компании коишто на електронската аукција не побарале премија со што по тој основ во Буџетот се слеани 2,7 милиони евра. Според најавите, утре треба да се одржи аукција за фотоволтаични централи со вкупна инсталирана моќност од 25 мегавати што пак треба да се градат на приватно земјиште.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close