МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 јануари 2020

28 јануари 2020

Штип, 28 јануари 2020 (МИА) – Претставници на 11 општини од источно планскиот регион денеска заеднички избраа три иновативни проекти, што ќе се финансираат од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Александар Николов од Центарот за развој на источно планскиот регион појаснува дека на денешната работилница предложени се вкупно шест, а на крајот избрани се три проекти, што ќе бидат доставени до комисијата, која ќе го има последниот збор.

Гостивар, 28 јануари 2020 (МИА) – Гостиварската локална власт планира да воведе ред во поставувањето рекламни паноа низ градот со утврдување на правилата за нивно поставување и нивната бројка. Доколку предлог програмата биде прифатена, во иднина во две зони ќе има локации за 180 билборди.

Росоман, 28 јануари 2020 (МИА) – Хидранти за вода се ставени во функција во Росоман, со цел побрза и поефикасна интервенција на пожарникари, во ситуации кога има пожари.

Како што информираат од росоманската локална самоуправа, хидрантите се поставени во централното подрачје на Росоман кај детската градинка и на периферијата на селото.

Велес, 28 jануари 2020 (МИА) – Во изминатите деновите со енермно зголемено загадување на воздухот во градот, граѓаните реагираат дека освен неповолните временски услови – магла, воздухот посебно во новиот дел од градот континуирано се загадува и од Фабриката за вар во Превелец. Доказ за тоа се високите вредности на ПМ 10 честички на мерната станица 2 лоцирана на МЖСПП во градинката Тунел,а која е многу блиску до Варницата. И граѓаните и локаната власт бараат од Министертсвото за животна средина да направи ревизија на повторно вратената „А“ Интегрирана еколошка дозвола на фирмата Каменелом „Техно Павер“ ДООЕЛ Скопје од 18 февруари 2019.

Гостивар, 28 јануари 2020 (МИА) – Полицијата ги предупредува возачите на поголема внимателност додека се движат по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар заради зачестените одрони и влажниот коловоз. Маглата и последните врнежливи денови, особено на високoпланинските патишта и пред се по долината на Радика, најчесто доцнавечер и во раните утрински часови го отежнуваат безбедното движење.

Берово, 28 јануари 2020 (МИА) – Во Берово започнаа активностите за зголемување на енергетската ефикасност во просториите на единицата на локалната самоуправа. Во моментот во тек е замена на старата и дотраена столарија во општинската зграда, која како што информираат надлежните се обновува после повеќе од 20 години.
Активноста, како што додадоа, е дел од заложбите на Владата за справување со аерозагадувањето.

 

Back to top button
Close
Close