МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 јануари 2020

28 јануари 2020

Кавадарци, 28 јануари 2020 (МИА) – Изгоре патничко комбе на булевар ,,Македонија” рано утрово околу три часот во Кавадарци.

Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Дебар, 28 јануари 2020 (МИА) – Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно го актуелизира барањето на македонската заедница поврзано со територијалната поделба во Албанија и формирањето две општини Голо Брдо и Гора.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за јануари, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка.

Гевгелија, 28 јануари 2020 (МИА) – Стапувањето во сила на новиот Закон за безбедност на сообраќајот
на патиштата, кој пропишува општините да си го уредат сообраќајот на своите улици, наметна потреба јасно да се дефинираат условите за доставување на стока со моторни возила на јавни површини во општина Грвгелија,соопштија денеска од локалната самоуправа.

Гевгелија, 28 јануари 2020 (МИА) – Општина Валандово деновиве ја почна постапката за уредување на улицата „Моша Пијаде“ и на централното градско подрачје со која најпрометното место во градот ќе добие нов лик, соопшти денес општинската информативна служба.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close