МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 јануари 2020

27 јануари 2020

Кочани, 27 јануари 2020 (МИА) – Врнежите од дожд во изминатото деноноќие имаат минимално влијание врз подобрувањето на хидролошката состојба во реките во источниот регион, што придонесува за бавно полнење на акумулациите од хидросистемот Брегалница.

Нивото на водата во браните Калиманци и Гратче е под просекот за овој период од годината, што заедно со долгиот сушен период во изминатите месеци може да биде сериозен проблем за реализација на планот за наводнување.

Делчево, 27 јануари 2020 (МИА) – Делчевските воспитно-образовни установи ги дополнуваат резервите со нафта, со што подготвено го дочекаа второто полугодие од учебната 2019/20 година. Во деветолетката „Св.Климент Охридски“ и во второто полугодие како што соопштија од училиштето, учениците ќе се греат на нафта, освен во подрачните училишта каде греењето се одвива на дрвна маса.

Росоман, 27 јануари 2020 (МИА) – Се решава долгогодишен канализациски проблем во Росоман.

-Во тек е изградба на крак за канализациска мрежа која ќе ги реши проблемите на спортската сала и приватните објекти кои се наоѓаат над спортската сала, над росоманското училиште. Со овој зафат се решаваат проблемите со канализација на овој дел од Росоман. Проблемот, освен за салата, се надминува и за деловни објекти, откупен центар и семејна куќа. Проектот е во износ од 284.079 денари, информираат од росоманската локална самоуправа.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – На две мерни станици во Скопје, во Карпош и Лисиче и Тетово во последните два дена среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките има појава на надминување на прагот на алармирање за концентрациите, односно се исполнети услвоите за активирање на мерките за заштита од загадување.

Гевгелија, 27 јануари 2020 (МИА) – Од почетокот на второто полугодие од учебната 2019/2020 година, во двете основни и средното училиште во Валандово, почна со работа општинскиот училишен медиум, кaде секое училиште има назначено свој наставник-координатор кој со екипи од ученици ќе работи на проектот, изјавија денеска од општинската информативна служба.

Гевгелија,27 јануари 2020(МИА) – Здружението на пензионери на општина Гевгелија ќе ги помага своите членови преку програма што ќе биде предложена од формираната специјална комисија за здравство и социјални работи, потврдија денеска од гевгелиското пензионерско здружение.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Здружението за адаптивни спортови и рекреација „Рекреација“ одржа тридневен зимски камп за лица со интелектуална и физичка попреченост во Маврово, каде лицата со параплегија, квадриплегија и церебрална парализа вежбаа техники за скијање, а лица со останати попречености скијање во стоечка положба.

 

Back to top button
Close
Close