МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 јануари 2020

21 јануари 2020

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – За потребите на детската граника „Расадник“ набавени се 300 нови душеци за рекс креветчињата, нова постелнина, нови градеробери, плакари за складирање на детските креветчиња, теписони за игра, повеќе пластични анатомски столчиња, нови 124 детски дрвени столчиња и 23 масички. Покрај ова, во објектот „Расадник“ целосно обновени се седум тоалети, информираат од општина Кисела Вода.

Гевгелија, 21 јануари 2020 (МИА) – Гевгелија е домаќин и организатор на дводневната меѓународна работилница за подршка и подготовка на националната и локалната администрација, како и на локалните акциски групи за користење на новите мерки на ИПАРД програмата.

Струмица, 21 јануари 2020 (МИА) – Откупот на тутунот во Струмичкиот регион се одвива нормално и со предвидената динамика и досега се откупени 90 отсто од договорените количини, а постигната моментна просечна откупна цена изнесува 225 денари за килограм што е за 15 денари повисока од лани, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Делчево, 21 јануари 2020 (МИА) – Во Пијанец за 40 проценти зголемен откупот на тутун во однос на минатата година. Ова според Светлана Мановска, раководител на финансии во „Далија Табак” Делчево, се должи на подобрите услови за одгледување на тутунот поради што и тутунарите имаа подобри приноси.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close