МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 јануари 2020

20 јануари 2020

Штип, 20 јануари 2020 (МИА) – Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк заминува во паркот на танцувачките мечки во Белица, соседна Бугарија. Оваа одлука е донесена денеска откако тим и ветеринари од организацијата „Четири шепи“ и од паркот во Белица беа во посета, но и да му ги извршат сите потребни прегледи. Целата организација околу наоѓање на соодветно живеалиште за мечето Теди е на граѓанската активистка и портпарол на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска.

Берово, 20 јануари 2020 (МИА) – Во беровското село Ратево денеска, по мошне студено време, продолжи шест вековната карневалска традиција наречена „Ратевски Бамбурци“.
На карневалот во натпреварувачкиот дел учествуваат 20 групни и поединечни маски од Малешевијата, Тиквешко, Струмичко, Прилепско и други.
Во последните години карневалот добива и меѓународен карактер со учеството на карневалски групи од соседните држави.

Струмица, 20 јануари 2020 (МИА) – Општина Ново Село ја почна изградбата на нов потисен водовод, примарна и секундарна водоводна мрежа во селото Сушица, проект кој беше подолго време најавуван.

Средствата за изградбата во износ од над 22 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и буџетот на Општина Ново Село.

Штип, 20 јануари 2020 (МИА) – Почнаа градежните активности за целосна реконструкција на кино-салата „Рудар“ во Пробиштип.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов изјави проектот е вреден близу 20 милиони денари, пари обезбедени како грант од Платежната агенција, а данокот на додадена вредност е обврска на општината.

Битола, 20 јануари 2020 (МИА) – Советот на Општина Битола ја усвои локалната програма за заштита на потрошувачите во тековната 2020 година.

Од општинскиот Совет информираат дека заштитата на потрошувачите во современите развиени демократски земји е препознаена како едно од правата во корпусот на правата на човекот и граѓанинот и како такво се вбројува во правата со највисок приоритет кои секоја држава е должна да ги заштитува низ правниот систем и соодветните политики.

 

 

 

Back to top button
Close
Close