5 мај 2020

Струмица, 5 мај 2020 (МИА) – Во организација на планинарското друштво „Бел Камен”, а со поддршка од ЈП „Плаваја“ и група млади ентузијасти и граѓани изминатите денови се собираше отпад расфрлан од несовесни посетители на неколку локации околу патот на планината Плачковица, информираат од радовишкото комунално претпријатие.

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Намалено е нивото на реките во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што соопшти УХМР, намалени водостои имаат реките Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Лепенец, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Крива река кај Крива Паланка, Црна река кај Новаци, Црн Дрим и Сатеска, а речиси двојно пониско од просекот за мај е нивото на реката Струмица кај Ново Село.

Кичево, 5 мај 2020 (МИА) – Во кичевското село Црвeвци, лебот на селаните се дели бесплатно во чест на месецот Рамазан.

Селото Црвевци се наоѓа на само пет километри на северниот дел од Кичево покрај локалната магистралата према Осломеј од левата страна и е едно од најубавите села во овој регион на Кичево, има околу 450 куќи, секоја поубава од другата и над 2 000 жители, но за жал над половина од жителите се во печалба.

Back to top button
Close
Close