МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 јануари 2020

20 јануари 2020

Струмица, 20 јануари 2020 (МИА) – Екипи на „Водовод“ и „Канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ почнаа со чистење на одводните атмосферски канали од двете страни на главната улица во село Муртино, информираат од струмичкото Комунално претпријатие.

-Акцијата ќе трае до крајот на месецот и е планирано да се исчистат одводните канали од калта што се наталожила за време на есенскиот и зимскиот период, прецизираат од „Комуналец“.

Охрид, 20 јануари 2020 (МИА) – Празникот Водици и Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат и денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Езерото. како продолжение на веќе воспоставената традиција на тој начин да се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест.

Кавадарци, 20 јануари 2020 (МИА) – Изложба на слики од уметникот Владимир Темков беше отворена синоќа во Кавадарци.

-Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Магистрирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има бројни самостојни изложби во земјава и странство. Учествувал на многу групни изложби и ликовни колонии. Тој е еден од основоположниците на најголемата ликовна колонија на Балканот – „Кавадарци-Михајлово”, рече актерот Диме Коцевски на отворањето на изложбата.

 

 

 

Back to top button
Close
Close