МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

17 јануари 2020

17 јануари 2020

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Измената на мерката која ја направивме заедно, на барање и во интерес на сточарите, дава резултат. Минатиот месец во селото Логоварди беа набавени 159 јуници, а денеска сме сведоци на уште една набавка на 96 јуници во селото Соколарци во вредност од над 10 милиони денари. Ме радува фактот што носители на апликацијата се две жени кои се носители на земјоделски стопанства, што значи дека мерките за развој на земјоделството допираат и до руралните жени кои сéповеќе се охрабруваат да водат земјоделски стопанства, да аплицираат и да ги користат мерките од програмите, изјави ресорниот министер Трајан Димковски.

Ресен, 17 јануари 2020 (МИА) Општина Ресен утврди посебна програма за чистење на речните корита и одводните канали на подрачјето од надлежност на општината. Во програмата на тамошната локална самоуправа се нагласува дека одржувањето на чисти речни корита и одводни канали е од исклучителна важност за заштита на населението, домовите, инфраструктурата и земјоделските обработиливи површини од ризикот од поплави.

Охрид, 17 јануари 2020 (МИА) – Во Охрид денеска се одржа конститутивен состанок на Меѓудржавниот комитет на Македонија и Албанија за управување со Охридскиот регион, Охридското Езеро и неговиот слив, како активност со цел што поголема заштита на Охридскиот регион како природна и културна реткост заштитена од УНЕСКО.

Прилеп, 17 јануари 2020 (МИА) – Околу 110 момчиња и девојки од Прилеп се пријавиле и се надеваат да го фатат чесниот крст на Богојавление-Водици, в недела на 19 јануари. Тие ќе скокнат во базенот од аква-паркот кај хотелот „Салида“ со желба први да стигнат до крстот. Чинот на фрлањето на крстот ќе биде в недела од 11 часот, а организатор Прилепското архиерејско намесништво.

Охрид, 17 јануари 2020 (МИА) – Позитивните искуства во светот, пред се препораките на научната фела во справувањето со современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство, се целите на дискусиите во рамки на Меѓународната конференција „Охрид-Водици 2020“ што од денеска по осми пат се одржува во Охрид.

 

Back to top button
Close
Close