МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

16 јануари 2020

16 јануари 2020

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Ј. Т. (38) од прилепското село Браилово починал во пожар што избувнал вчера во неговата куќа. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера напладне, во 12:00 часот.

Куманово, 16 јануари 2020 (МИА) – Членовите на здружението на стечајни работници „Унит“ од Куманово се задоволни од усвоените измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, односно од измените на Законот за стечајци.

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против 27-годишен скопјанец за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Охрид, 16 јануари 2020 (МИА) – Во Охрид започнуваат финалните подготовки за организацијата на најмасовната манифестација во градот – Богојавленскиот водосвет и осветувањето на водите на Охридското Езеро за Водици. Точно на пладне започнува пријавувањето на капачите кои ќе го бараат Чесниот крст во осветените езерски води.

Штип, 16 јануари 2020 (МИА) – Каратистот Емил Павлов петти пат го доби признанието најдобар спортист на општина Штип. Наградата му ја врачи градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Павлов вели дека 2019 година беше успешна година, освојувањи го бронзениот медал на европското првенство во Шпанија, а на крајот од 2019 година ја освои премиер лицата во Москва.

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Општина Карпош започна со асфалтирање на тротоарот долж улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4. Целта на оваа инфраструктурна активност е да се зголеми безбедноста при движење на пешаците, особено на најмладите кои учат во основното училиште „Петар Поп Арсов“, информираат од општината.

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ја посети Јавната установа Специјален завод -Демир Капија. Целта на посетата беше да утврди и на лице место да се увери и да види во какви услови престојуваат штитениците на Заводот.

Back to top button
Close
Close