МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

15 јануари 2020

15 јануари 2020

Кавадарци, 15 јануари 2020 (МИА) – Еколошки квиз за основци се реализираше во просториите на одморалиштето „Михајлово“ на планината Кожуф, од страна на регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

-Целта е нагласување на потребата од што е можно поголема еколошка свест, надградба на еко знаењата и истакнување на важноста на прашањата поврзани со здравата и чиста животна средина, нагласи Роберто Паризов, претседател на друштвото.

Струмица, 15 јануари 2020 (МИА) – Во Центарот за образование на возрасни во oпштинската организација на Црвен Крст на Струмица денесka почна третата обука на 20 лични асистенти на лица со попреченост.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Во Општина Аеродром деновиве се работи кај трговскиот центар „Три бисери“, каде се врши поплочување на нов простор, со што ќе се обезбедат нови паркинг-места за потребите на жителите од тој дел на Општината.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Развивање дигитални вештини кај наставниците и учениците во основните училишта во скопската Општина Карпош и поголема конкурентност на наставниот кадар при аплицирање за проекти и огранизирање поинтересна настава, е целта на проектот, што го спроведува меѓународната компанија за образование и сертификација „Серти Адрија“ со седиште во Скопје, во соработка со Општината.

Делчево, 15 јануари 2020 (МИА) – Вкупно 20 деца од ромска националност на возраст од 3 до 6 години ќе бидат ослободени од партиципација за престој во Детската градинка „Весели Цветови” во Делчево.

Кочани, 15 јануари 2020 (МИА) – Општина Кочани ја почна реализацијата на проектот за изградба на четири детски игралишта во градот и едно во селото Грдовци, за што од сопствениот буџет инвестира 3,5 милиони денари.

 

 

Back to top button
Close
Close