МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

15 јануари 2020

15 јануари 2020

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Вкупно 675 илјади евра потроши Град Скопје и 20 општини за украсување на Новата 2020 година. Само Градот потрошил околу 285 илјади евра, што е удел од 42 отсто од вкупните пари за оваа намена. Споредено со претходната година, намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите.

Гевгелија,15 јануари 2020(МИА) – Во гевгелиското архијерејско намесништво почнаа подготовките за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици со повикување на сите заинтересирани верници и граѓани да се пријават за фаќање на крстот со кој ќе биде осветена водата на реката Вардар.

Гевгелија,15 јануари 2020 (МИА) – Работите за инсталирање на атмосферска канализација на улицата „Индустриска“, во стопанската зона на влезот во Гевгелија, деновиве добиваат засилено темпо на изведба.

Ростуше, 15 јануари 2020 (МИА) – Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи со доделување ваучери за новороденчиња. Во соопштението упатено до жителите се наведува дека одлуката за доделување ваучери ќе биде во сила се до донесување друга одлука.

Крива Паланка, 15 јануари 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка во соработка со Јавното комунално претпријатие „Комуналец” со неколку последователни акции ја расчистија постојната дива депонија во населбата Грамаѓе во приградскиот реон.

Велес, 15 јануари 2020 (МИА) – Општина Велес во индустриската зона Мамутчево продаде девет од десетте парцели за градба и остана непродадена само уште една – најголемата од 10 хектари. индустриската зона е лоцирана на 44 хектари и е во близина на селото Мамутчево и експресниот пат Велес-Штип.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Дел од корисниците од улиците „Христо Батанџиев“, „Јосиф Ковачев“ и „Мајски манифест“ во општина Ѓорче Петров утре од 8 до 15 часот ќе немаат струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

 

Back to top button
Close
Close