МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

13 јануари 2020

13 јануари 2020

Дебар, 13 јануари 2020 (МИА) – Во поширокиот дебарски регион, според традицијата за Василица, утре децата-суројчари, ќе ги посетат православните домови, посакувајќи посреќна и повесела година.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА) – Градинката „Пролет“ во скопската населба Влае почна да користи нов, еколошки систем на греење и ладење, преку користење термални пумпи кои работат на системот „воздух-вода“, информира Општина Карпош.

Тетово, 12 јануари 2020 (МИА) – Без повредени поминал пожарот кој избувнал во камион во движење утрово на автопатот од Тетово кон Гостивар. Возачот и совозачот навреме излегле од возилото.

Струмица, 13 јануари 2020 (МИА) – Традиционално во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, пред големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Берово, 13 јануари 2020 (МИА) – Општина Берово и годинава ќе ги субвенционира трошоците за комунални услуги за граѓаните, кои се изложени на социјални ризици. Како што од општинското одделение за реализирање на оваа активност, субвенционирањето ќе може да го користат 50 лица кои живеат во социјален ризик, а за таа цел денес е распишан јавен оглас.

Струмица, 13 јануари 2020 (МИА) – Заради фрлање жешка пепел и жар изинативе денови зачестено е палењето контејнери во Радовиш, информираат од радовишкото Јавно претпријатие „Плаваја“.

Кичево,13 јануари 2020 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани, А.Ч.(43) од Скопје Ф.М.(40) од Кичево, Е.М.(27) од Битола, Р.И.(20) од Кичево, Е.М.(30) од Кичево, С.М.(33) од Кичево и против 16 годишно момче од Кичево.

Кочани, 13 јануари 2020 (МИА) – Членовите на планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани ја завршија акцијата за трасирање, уредување и обележување на патеката од населбата Оризари до селото Пресека, односно до манастирот „Св. Харалампие“ на падините на Осоговските Планини.

Back to top button
Close
Close