4 мај 2020

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, до Уставниот Суд на РСМ поднесе барање за присуство на 12-тата седница, на која една од точките на Дневен ред е од особено значење за општината, соопштија од Општина Центар.

елчево, 4 мај 2020 (МИА) – Во Делчево во тек е редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот. Активностите ги спроведува Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.
-Во рамки на тековните активности се кастрат гранките и обликуваат крошните на дрвјата, додека паралелно се врши уредување на зеленилото на повеќе јавни површини. Наша обврска е и во време на пандемија остануваме силно да бидеме посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на потребите на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило, истакнаа од претпријатието.

Македонска Каменица, 4 мај 2020 (МИА) – Општина Македонска Каменица продолжува со поддршката за ангажираните служби во борбата против Ковид 19.
Градоначалничката Соња Стаменкова, вршејки обиколка на дежурните тимови на Итната медицинска помош, мобилните општински тимови и Полициската станица, изрази благодарност до полициските организациони единици, волонтерите од мобилните општински тимови и медицинските служби при Здравствената станица што деноноќно го чуваат градот и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба.

Кочани, 4 мај 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево од утре повторно ќе го отвори сточниот пазар во Облешево што беше привремено затворен во средината на март поради епидемијата од Ковид-19.

Со оглед што и понатаму во важност се мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, од Општината упатија апел до граѓаните да се придржуваат кон препораките од Министерството за здравство.

Дебар,4 мај 2020 (МИА) – По повод 4 мај – Денот на општината, градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, во видеообраќање на жителите им го честиташе денот со желби пандемијата да остане минато, а ние, како што рече, да се вратиме на секојдневневните обврски и живот во нормални услови.

Back to top button
Close
Close