МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

10 јануари 2020

10 јануари 2020

Кочани, 10 јануари 2020 (МИА) – Вкупно еден милион и десет илјади денари за субвенционирање на печки на пелети и инвертер клима уреди им распредели Општина Кочани на граѓаните, како дел од мерките за намалување на испуштањето штетни материи во воздухот што настануваат од затоплувањето во домаќинствата. Средствата беа обезбедени од општинскиот буџет, преку Програмата за заштита на животната средина.

Кавадарци, 10 јануари 2020 (МИА) – Лизгалиштето во Кавадарци е ставено во функција, основците и средношколците ќе можат организирано и според програма бесплатно да го користат до крајот на февруари, подучени од наставници.

Берово, 10 јануари 2020 (МИА) – Општина Берово се најде на листата од 35 општини, кои добија готова проектна документација за реконструкција на улици и патишта.
Од Општината известија дека реконструкцијата ќе се одвива во рамки на проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) и ќе биде во должина од 3 километри.

Back to top button
Close
Close