МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

9 јануари 2020

9 јануари 2020

Ресен, 9 јануари 2020 (МИА) – Општина Ресен во рамки на програмата за локален економски развој ќе ги поддржи проектите и програмите поврзани со традиционалните занаети. Според утврдената програма, локалната самоуправа ќе изврши мапирање на занаетите во општината, ќе дава помош при опремување на занаетчиски работилници и ќе помогне во уредувањето изложбен простор со цел промоција на занаетчиските производи и услуги.

Тетово, 9 јануари 2020 (МИА) – Завршниот декемвриски извештај на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажува дека во 2019 година имало 120 денови кога е надмината за 24 часа граничната вредноста на дозволените 50 микрограми на кубен метар од отровните ПМ10 честички. Сепак во текот на годината не е познато колку точно денови биле со загаден воздух со оглед дека мерната станица во Тетово не беше во функција од 26 април до 23 септември или 157 денови. Со оглед дека во 120 денови бил загаден воздухот, во 157 немало податоци, преостануваат само 88 денови кога имало чист воздух.

Делчево, 9 јануари 2020 (МИА) – Општинскиот инспектор денеска изврши увид во врска со вчерашното испуштање бела течност во водите на река Брегалница и издаде налог, со кој на производствениот капацитет – Млекара и се наложува да го исчистат сопствениот таложник веднаш.

Скопје, 9 јануари 2020 (МИА) – Нови еко-играчки, интерактивни „smart“ табли и дидактички материјали денеска беа доделени на претставниците на сите градинки на територијата на Општина Карпош.

Велес 9 јануари 2020 (МИА) – Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Велес од почетокот на оваа година интервенирале на пет локации во градот, гаснејќи контејнери кои се запалиле поради исфрлање на пепел со неизгасната жар од страна на несовесни граѓани.

Кавадарци, 9 јануари 2020 (МИА) – Кавадарци доби нов паркинг со стотина паркинг места, кај градските гробишта. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информира дека проектот е дел од програмата за работа и е од големо значење за населението.

Велес, 9 јануари 2020 (МИА) – Од крводарителите од Велес и велешко заедно со Општините Градско и Чашка лани биле собрани вкупно 4.331 крвна единица, со што планот за крводарителство зацртан на 1.861 крвна единица, бил натфрлен за 232,72 проценти. Со ова, велешките крводарители и во изминатата 2019 година, останаа на врвот на најхуманите во земјава, вели за МИА,Орце Николов секретар на Општинската Организација на Црвен крст– Велес.

 

Back to top button
Close
Close