МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

9 јануари 2019

9 јануари 2019

Берово, 9 јануари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски додели ваучер од 6.000 денари на семејството на првороденото бебе годинава во општината. Дополнително, семејството Алимановски ќе добие и средства во износ од 5.000 денари, согласно програмата за социјална заштита, во насока на поттикнување на наталитетот во општина Берово. Посетувајки ја малата Хана, која е првородено дете во домот на Танкица и Рамче Алимановски, Пекевски изрази надеж дека годинава ќе се зголеми наталитетот во Берово.

Кавадарци, 8 јануари 2020 (МИА) – Во салата на Основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев-Рале“ во Кавадарци синоќа се одржа традиционалниот Божиќен концерт, со поддршка од Домот на културата „Иван Мазов-Климе” и локалната самоуправа.

Скопје, 9 јануари 2020 (МИА) – Поради уличен дефект на булеварот „Видео Смилевски Бато“ 35/1 во Аеродром, утрово беше прекинато водоснабдувањето за корисниците од ниска зона од број 1 до 55. Водоснабдувањето беше прекинато од 8:45 часот, а ќе трае до завршување на дефектот, информира јавното претпријатие Водовод и канализација- Скопје.

 

Back to top button
Close
Close