4 мај 2020

Битола, 4 мај 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Пазари“ утре повторно ќе го отвори добиточниот пазар во Битола кој превентивно беше затворен на 23 март.

Според директорот на ЈП „Пазари“-Битола, Владо Атанасовски, нема пречки за сточниот пазар повторно да биде во функција, а дозволата е обезбедена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Неготино, 4 мај 2020 (МИА) – Оштетен е асфалт од патеки на Спомен костурницата во Неготино, реагираат неготинци кои живеат во близина. Тие се жалат дека поради дождовите од изминатиот период, асфалтот се кршел и на одделни места, патеките во паркот биле поткопани.

Реагираат дека на долниот дел немало регулиран одвод и тоа правело проблеми. Според нив, постоела опасност и за деца ако се возат по асфалтот. Велат дека со секој поголем дожд, дупката се зголемувала.

 

Back to top button
Close
Close