МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

1 јуни 2021

Охрид, 1 јуни 2021 (МИА) – Општина Охрид апсолутно ја поддржува и во минатото ја поддржувала дејноста на Планинската служба за спасување, но треба да се изнајде вистинскиот модел и правен основ како да се поддржи волонтерска организација каква што е самата Служба за спасување на планина.

Вака градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, ја коментираше неодамнешната одлука на Советот на општината кој не се согласи да обезбеди средства за финансиска поддршка на работењето на Службата за спасување на планина.

Неготино, 1 јуни 2021 (МИА) – Здружението на граѓани „Ековита” прави анкета меѓу неготинци, за тоа дали се против најавената гасна централа кај Неготино. Претседателот на Здружението, Сашко Тодоров за МИА рече дека анкетата ќе даде одговор за тоа што мислат граѓаните, дали се почитува Архувската конвенција од страна на локалната заедница.

-Ќе добиеме одговор од анкетираните, дали се почитува мислењето на неготинци околу најавената  гасна централа во близина на Неготино,  која би согорувала  комунален отпад од цела држава и би произведувала електрична енергија, појасни Тодоров, кој е дипломиран инжењер по биологија.

Крива Паланка, 1 јуни 2021 (МИА) – Седуммина ентузијасти од Кратово, љубители на планината и природата го формираа здружението Планинарско – спортски клуб „Остри Врв„, кое според годишната програма има главна цел преку промоција на планираните активности да ги анимира младите луѓе да станат членови на здружението и да уживаат во природата.

-Ние сме седуммина основачи, клубот е формиран во Кратово и во 2021 година ќе ги реализира следниве активности: зголемување на бројот на членовите, преку анимирање на младите, медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението, поттикнување донации од домашни и странски организации и институции за обезбедување средства за работа, соработка со слични организации од земјава и од странство и организирање планинарски тури во организација со останати здруженија согласно протоколите и условите во време на пандемија, информира Катерина Станковиќ, претседател на „Остри Врв”.

Куманово, 1 јуни 2021 (МИА) – Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово наредните две саботи ќе организираат акции за собирање кабаст отпад, информираа денеска надлежните од „Чистота и зеленило“.
Првата акција за собирање ќе се одржи на 5 јуни, Светскиот ден на животна средина.
– Предвидено е да има три локации каде ќе се собира отпадот, на пункт поставен на паркингот пред Градскиот затворен базен во Куманово, вториот пункт ќе биде поставен на паркингот пред поранешната фабрика ЧИК и третиот кај локалитетот „Кошеви“ во населбата Гоце Делчев. Ќе бидат поставени големи контејнери, изјави директорката на „Чистота и зеленило“ Цветанка Ивановска.

Охрид, 1 јуни 2021 (МИА) – Општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг.

– Ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотребите и узурпациите на најатрактивната зона од заштитениот појас. Речиси целосно се расчистени плажите на потегот од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро, појасни градоначалникот Константин Георгиески.

Охрид, 1 јуни 2021 (МИА) – Општина Охрид стори сè што е во нејзина моќ за исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Сериозната посветеност во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО во делот на уредување и управување со крајбрежјето е веќе видлива на терен. Покажавме вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да започнеме со средување на наследените катастрофални состојби.

Гевгелија,1 јуни 2021(МИА) – Поради дефект на регионалниот цевковод утре прекинато водоснабдување ќе имаат сите корисници кои се наоѓаат на потегот од бензинската пумпа „Шимов“ во Гевгелија до граничниот премин Богородица, како и жителите на селата Богородица, Стојаково и Селемли.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) – По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на децата, денеска градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ги посети учениците од прво одделение од Основното училиште „Васил Главинов“.

-На децата им подарив симболични подароци и им упатив порака дека тие се најголемото богатство, се нашата благосостојба, тие се иднината. Децата се светлината на нашите очи затоа мора да ја зачуваме оваа светлина и да ја направиме уште посветла бидејќи само така можеме да одиме напред, рече Ганиу.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) – Градот Скопје потпиша договор со реномираните компании РОМ Транспортејшн и ГСТЦ ЛТД за изработка на студија за оптиматизација на линиите на автобускиот јавен превоз во главниот град, целта е воведување на нов систем кој ќе овозможи целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии.

-Пред две години Град Скопје зема заем во висина од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, со тоа град Скопје и ЈСП почнаа со реализација на проектот за набавка на 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од страна на ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка  преку гранд на неповратни средства за изработка на студија за оптиматизација на линиите на мрежите на автобускиот јавен превоз во Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната пред-конференција.

Македонски Брод, 1 јуни 2021 (МИА) – Од година во година бројот на ученици во Македонски Брод бележи континуирано намалување, а годинава се запишани најмалку првачиња од почетокот на овој век, потврди за МИА Гоце Стојаноски, директор на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во оваа општина.

-Бројот на ученици во нашето училиште од година во година е се помал. Така  годинава ќе имаме  вкупно 458 ученици од прво до деветто одделение, што е за  43 ученика помалку во однос на 2017 година, кога во сите оделенија имавме вкупно 501 ученик. За жал, овој тренд не запира и за очекување е во наредните години да има понатамошно опаѓање на бројот на учениците, рече директорот Стојаноски.

Гевгелија,1 јуни 2021(МИА) – Општина Гевгелија денеска ја промовираше богатата четиридневна културна програма со која од 8 до 11 јуни ќе го одбележи вознесението на господ Исус Христос, познато кај народот како Спасовден,кој се слави како заштитник на градот Гевгелија.

Програмата за одбележување на градскиот патрон на Гевгелија изобилува со театарски претстави,концерти,фолклорни ревии и други културни настани кои ќе се одржуваат под отворено небо и во затворен простор,во објектот на Народниот театар.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) – Поради уличен дефект ф-100мм на ул.24/29 во Трубарево, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Трубарево, соопштија од ЈП Водовод и Канализација Скопје.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) –  Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека не практикува во политиката да употребува популизам, во одговор на новинарско прашање околу капиталните проекти реализирани за време на неговиот мандат.

-Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување. Ние не сме фараони  да градиме пирамиди во своето владеење, ние сме градоначалници избрани да раководиме со градот, истакна Шилегов.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) – Во суштина барањата се сведуваат на забрзување на постапките за носење на Деталните урбанистички планови бидејќи градоначалниците, меѓутоа и јас сме убедени дека поголемата урбанизација или интензитетот на зголемување на урбанизацијата всушност ќе спречи појавување на разни девијации во општеството и  однапред ќе ги имаме утврдени правилата на игра што ќе бидат познати, вели градоначалникот на Град Скопје во одговор на новинарско прашање поврзано околу забелешките и барањата за измените на Законот за урбанистичко планирање.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) – Поради скината цевка на ул.Жданец бб, без вода попладнево се корисниците на дел од ул.Козле, Жданец и Нерези.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:15 часот до санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

Back to top button
Close
Close