МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

31 мај 2021

31 мај 2021

Гевгелија – Општина Гевгелија со финансиски средства од сопствениот буџет ќе учествува во реализацијата на проектот за подобрување на водоснабдувањето во планинското село Ума чиј сегашен резервоар не ги задоволува потребите, особено во сушниот период.

Проектот предвидува изградба на заштитен објект до постоечкиот резервоар во селото Ума, во кој ќе биде поставена пумпна станица и ќе биде инсталиран доводен цевковод затоа што сегашниот водоводен систем генерално не ги задоволува потребите во селото во деновите на престој на викендаши.

Гевгелија– Во пресрет на летната сезона,Територијалната противпожарна единица од Гевгелија е максимално подготвена за дејствување и заштита од пожари,соопштија денеска надлежните од општина Гевгелија.

Тие апелираат до граѓаните да внимаваат кога престојуваат во шумите и во други пошумени или обраснати површини и да не користат запаливи материи со кои би можеле да предизвикаат пожари со пошироки размери.

Делчево – Членови на Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” од Делчево ја искачија највисоката точка на Малешевските планини. Вкупната тура до врвот ,,Џама Тепе” како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски изнесувала 17 километри.

-Со нашите членови реализиравме една кружна планинарска тура за искачување на Илов врв (Џама Тепе) кој се наоѓа на 1803 метри надморска висина и е највисок врв на Малешевските планини. Врвот е малку познат и малку искачуван, па ние како единствен лиценциран планинарски клуб во крајниот источен дел на државата, често го искачуваме и презентираме пред планинарите во државата, рече Чучуковски.
Куманово – Средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово, доби 30 Смарт табли и други нагледни средства за следење на наставата, соопштија денеска, надлежните од ова училиште. Таблите веќе се распределени по кабинетите и училниците.

-Со набавката на 30 Смарт табли и нагледни средства по предметите-хемија, физика, географија, историја, математика и музичко образование во СОУ „Перо Наков“ во Куманово, сметам дека значително ќе се подобрат условите и значајно ќе се подигне квалитетот на наставата во училиштето. На овој начин ги следиме современите методи во образовниот процес, изјави директорката на училиштето, Мила Жибак.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close